Мојсовска, Петков и Несторовски посребреа на Кроација опен

Ангела Мојсовска (-68 кг,Макпетрол) и Давид Петков (-60 кг, Металург) ги освоија сребрените медал во сениорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека, откако вчера тоа не им успеа во У-21. Сребрен медал освои и Флип Несторовски (-76 кг, Металург) во јуниорска конкуренција.

Мојсовска ја совлада Деси Рубини од Италија во првото коло со 6-1, потоа Јована Вулиновиќ од Србија 3-1 и Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето загуби од домашната натпреварувачка Ивана Бебек 1-3.

Петков го совлада Андраш Киш од Унгарија 3-0, потоа и Французинот Лилјан Жеронвил 3-0, но во финалето загуби минимално со 0-1 од Лука Шпиц од Швајцарија.

Филип Несторовски маестрално се бореше до финалето совладувајќи ги Даниел Пинтер – Унгарија 3-0, Кристијан Ферара – Италија 0-0, Ведран Узелац – Хрватска 6-1, Ренато Решетар – Хрватска 2-0 и Ади Гјурик – Словачка 1-1. Во финалето загуби од Алесандро Роси – Италија поради прв освоен поен 2-2.

Александар Неделковски во кати У-16 се бореше за бронзениот медал со Хрватот Лука Кошчевиќ од кого загуби со 1-4. Неделковски во првото коло го совлада Италијанецот Анреа Кересоли 5-0, но загуби од неговиот сонародник Алисон Бујон 1-4 кој го освои првото место. Ова е добра увертира пред Светското првенство во Тенерифе-Шпанија од 25 до 29 октомври.

Во репасажот ги победи Дамир Бајрамовиќ од Хрватска 5-0 и Словакот Адам Штелцл 3-2. На крајот Неделковски е петти.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО