Никогаш не е доцна: 80-годишна Турчинка почна да тренира џудо

Никогаш не е предоцна да почнете да тренирате некој боречки спорт. Вие не сте премногу стари, премногу млади или вон форма – само треба да го направите тоа.

Токму оваго нагласува 80-годишна турска жена која се запали по џудото.

Ајтен Алташ ја води внуката четири години на тренинзи по џудо, додека еден ден не се запрашала „Можам ли и јас да го направам тоа“? Така таа се приклучува на тренинзите.

„Секогаш сум ја прашала внуката дали џудо не е како борба. Решив да останам, да погледнам и да проверам. Видов дека не е борба и всушност многу ми се допадна“.

Алташ тврди дека спортот многу и помогнал и дури нема поплаки од хернија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО