Нико, Маруи и Пелистер најуспешни на Државниот натпревар во аики демо во Кочани

Вчера на Државниот натпревар во аики демо во Кочани најдобри резултати остварија домаќинот Нико, Маруи и Пелистер.

Покрај натпреварот се одржа и семинар во реален аикидо и полгање за појаси во рамките на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на Клубот за реално аикидо и Кардио фитнес „Нико“ од Кочани.

На семинарот имаше над 100 учесници и натпреварувачи од Македонија и регионот. Гости беа мајстори во реален аикидо од земјава и странство. Во Кочани ги видоме мајсторите Ѓуро Илиќ – 8 дан, Дејан Чавковски – 5 дан, Владислав Павловиќ – 5 дан, Влатко Мишов – 3 дан и Николчо Гоцев – 3 дан.

„Денеска одбележуваме јубилеј 10 години постоење на Клуб за реален аикидо „Нико“ и Кардио фитнес „Нико“  во Кочани. Во далечната 2013 година стартувавме со првите тренинзи и голема поддршка на Аикидо федерација на Македонија реално аикидо и на Агенција за млади и спорт. Ги посетуваме сите натпреварувања во Европа, сите семинари и секаде сме препознатливи како еден од најуспешните клубови во Европа. Од 2013 година до денес во нашиот клуб се имаат зачленето над 800 членови, како деца така и возрасни. Во моментот броиме 130 активни члленови“, истакна вчера првиот човел на КРА Нико, Николчо Гоцев.

„Ја користам можноста на сите читатели и поддржувачи на порталот Ипон.мк да им ја честитам Новата година и божиќните празници со најубави желби. Што се однесува до работата на Аикидо федерацијата на Македонија, се надевам дека нагорниот пат ќе продолжи и следната година со приклучување на неколку нови клубови на федерацијата. Исто така, приоритет е и одржувањето на неколку традиционални опен натпревари, како Битола опен, Маруи Кеико Опен во Скопје и сега најновото Кочани опен. Се разбира, и одржување на државните првенства во аики демо во сите возрасни категории. Најважно е што планираме четири гостувања во странство, односно учество на натпревари и семинари. Тума нема да ги заборавиме и традиционалните семинари што се одржуваат во рамките на Аикидо федерацијата на Македонија, посебно летната школа за реален акидо што се одржува на Пелистер“, изјави претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија Ѓуро Илиќ.

АИКИ ДЕМО РЕЗУЛТАТИ КОЧАНИ:

У-11-М
1.Лука Серафимов – НИКО
2.Максим Нисев – НИКО
3.Симеон Мирозов – НИКО

У-11-Ж
1.Матеја Мицова – НИКО
2.Ника Соколовска – МАРУИ
3.Теодора Анчевски – МАРУИ

У-13 – М
1.Павел Чавкоски – МАРУИ
1.Ален Максимов – НИКО

У-13-Ж
1.Стефанија Арсоска – МАРУИ
2.Ангела Данилова – НИКО
3.Душанка Ристова – НИКО

У-15-М
1.Леонардо Стојковски – ПЕЛИСТЕР
2.Ангел Лазаров – НИКО
3.Марко Јованов – НИКО

У-15-Ж
1.Ана-Марија Златкова – НИКО

У-18-M
1.Кирил Јованов – НИКО
2.Кирил Апостолов – НИКО
3.Горазд Наумов – ПЕЛИСТЕР

У-18-Ж
1.Бисера Бунгурова – МАРУИ
2.Марија Чавкоска – МАРУИ
3.Ангела Гицова – НИКО

У-21-M
1.Александар Лозановски – ПЕЛИСТЕР
1.Станче Минов – НИКО
3.Томе кузмановски – ПЕЛИСТЕР

У-23-М
1.Филип Макаловски – ПЕЛИСТЕР
2.Никола Димковски – ПЕЛИСТЕР

У-23-Ж
1.Бојана Андонова – НИКО

У+30
1.Петар Ристески – ПЕЛИСТЕР

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО