Нико Али Волш и Еван Холифилд со ноакути во иста вечер

Еван Холифилд, синот на легендата од блиското минато, Ивандер Холифилд, го победи Чарлс Стенфорд со нокаут на неговиот 24-ти роденден.

Младиот веќе има 8-0 во професионалци по уште еден предвреме прекинатиот меч – овој пат во втората рунда.

Истата вечер, наследникот на Мухамед Али, Нико Али Волш, ја постигна втора победа кај професионалците.

Го нокаутира противникот. Волш немаше проблеми против Џејмс Весли и борбата заврши за помалку од 30 секунди по почетокот на третата рунда.

Така, на гала вечерта во Атланта, предводени од Шакур Стивенсон и Џамел Херинг, двајца наследници на големите шампиони продолжија да го следат патот кој добро го изгазиле нивните предци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО