Ник Диjаз по четиригодишна пауза, конечно, треба во март да се врати во кафезот.
Дана Вајт откри на новинар ЕСПН дека се многу блиску до постигнување на договор за борба против Хорхе Дијаз Масвидал на 2 март на УФЦ 235 во Лас Вегас.
35-годишниот Дијаз не се борел од јануари 2015 година кога го победи со едногласна одлука Андерсон Силва. Борбата беше поништена бидејќи Бразилецот беше позитивен на стероиди, додека тој беше позитивен на марихуаната. Пред тоа, Дијаз претрпе порази од Карлос Кондит и ЖСП.
34-годишниот Масвидал е во серија од два порази – загуби со поделена одлука од Демијан Маја во март минатата година и со едногласна Стивен Томпсон во ноември 2017 година. Оваа година не се бореше.
И двајцата се бореа во Страјкфорс, каде што Дијаз беше шампион во велтер категорија, а Масвидал предизвикувач за титулата во лесна.
https://www.youtube.com/watch?v=Y3VJL9IjoLs
.