Дана Вајт најде ривал за да се врати Ник Дијаз во кафезот. Претседателот на УФЦ му изјави на Арон Бронстетер дека Ник ќе има реванш со Роби Лоулер. Тие ќе се борат во полусредна во септември на УФЦ 266. Нивната борба ќе биде главна на гала вечерта.
Првпат видовме борба меѓу Роби и Дијаз во 2004 година. Тогаш Ник победи со нокаут во втората рунда на УФЦ 47 во Лас Вегас. Сега, 17 години подоцна, ќе ја видиме средбата Дијаз – Лоулер 2.
Ник има скор 26-9 (2) во ММА и е во серија од 2 последователни порази. Не се бореше шест години, а последен пат загуби од Андерсон Силва. Потоа Силва падна на допинг тест и борбата беше прогласена за неважечка.
Последната победа на Ник беше во 2011 година со одлука над Б.J. Пен. Ник е поранешен шампион на Страјкфорс, а 21 меч се со завршница. Во само два од поразите се со завршница.
Лоулер, пак, има учинок од 28-15 (1) во ММА и е во серија од 4 последователни порази. Роби победи само во една од последните шест борби во УФЦ. Последен пат загуби пред една година со одлука од Нил Магни.
Роби заврши 21 меч, а со завршица загуби на 8. Тој е поранешен шампион на УФЦ и неговата последна победа беше во 2017 година над Доналд Цероне.