Каин Веласкез (14-3, 12-3 УФЦ) дозна дека многу работи се променија во УФЦ додека го немаше таму.
Поранешниот шампион се врати на борилиштето по две и пол години отсуство на настанот во Феникс и пред своите навивачи загуби со нокаут од Френсис Нгану (13-3, 8-2 УФЦ) за само 26 секунди.
На почетокот Веласкез нападна неколку пати со удари со нога. Откако се упати на уривање, Нагну го погоди со десницата. Американецот продолжи со уривање и прими каперкат што го собори, а „Предаторот’ со уште неколку удари во партер го заврши мечот. Се чини додека се обидуваше да го урива Веласкез му се повреди коленото, но се уште нема вести дали навистина се работи за повреда.
За УФЦ дебитираше на синот на Риксон Грејси, Крон (5-0, 1-0 УФЦ), кој го победи Алекс Касерес за нешто повеќе од две минути со давење од опзади.
Поранешниот шампион во бантам Ренан Барао (34-8, 9-7 УФЦ) загуби со технички нокаут во втората рунда на Лук Сандерс (13-3, 3-3 УФЦ).
УФЦ на ЕСПН 1:
Френсис Нагану – Каин Веласкез (KO, Р1)
Пол Фелдер – Џејмс Вик (едногласна одлука на судиите, 29-28, 30-27, 30-27)
Синтија Кавило – Кортни Кејси (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)
Крон Грејси – Алекс Касерес (сабмишн, давење од позади, Р1)
Висенте Лук – Брајан Барберена (ТКО, Т3)
Андре Фили – Мајлс Јури (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Аџамаин Стерлинг – Џими Ривера (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Мани Бермуд – Бенито Лопез (сабмишн, Д’Арче Чок, Р1)
Андреа Ли – Ешли Еванс-Смит (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Ник Ленц – Скот Холцман (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Лук Сандерс – Ренан Барао (ТКО, Р2)
https://www.facebook.com/UFC/videos/1109438629236272/
Cain Velasquez's knee blows out and Francis Ngannou beats him down in round one! Damn! #UFCPhoenix pic.twitter.com/IRom9t6wDY
— Bulgogi Jones (@Hamderlei) February 18, 2019
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=7rvdJxs5WLQ
https://www.youtube.com/watch?v=F-Md2ft40n0
.