Кро Кап: Нелсон ми го гризна прстот, а потоа се закануваше дека ќе донесе оружје, па потоа полицијата му ја претресе собата

Мирко Филиповиќ се јави на Фејсбук по победата во реваншот против Рој Нелсон.

44-годишниот Кро Кап во своето деби за Белатор во Анкасвил со едногласна одлука го победи две години помладиот Американц за изедначување на меѓусебниот сооднос на 1-1. Тоа беше негова десетта последователна победа.

Тој се извини за сето она што се случи за време и по борбтата со Биг кантри.

„Ви благодариме за пораките што ги испративте пред и по натпреварот, од срце ви благодарам. Борбата што ја видовте и нема премногу да ја коментирам.Нелсон е тврд и тежок борец за секого. По борбата направи непотребен циркус, но што е тука е. Се жалеше на се и сешто. На Комисијата дури пријавии дека нозе ми се лизгави?! Па дојдоа кај мене во соблекувалната од Атлетската комисија и ме прегледа?! Иако од влегувањето во арената до крајот на битката до себе постојано имав претставници Атлетската комисија кои буквално одеа во тоалет со мене и јас бев темелно разгледани во пресрет на напуштањето на арената. Но, и тие се смееја еден со друг, а еден од рече: „Ма Нелсон е таков, постојана циркузи со него. На еден настан не фали дека сме најдобри во светот, а на друг дека сме најлошото ѓубре“.

„Потоа, Нелсон се закануваше наоколу и дури и дека ќе донесе оружје, не знам кого тоа беше упатено, но полицијата пристигна и ја пребара неговата соба. Нема заебанции овде со  полицијата. По се ми испрати порака  и ми честиташе на победата и побара нова борба. Му одговорив зошто не? Но тоа не е до мене, а и не сум сигурен во неговиот статус во Белатор по сето ова. И уште нешто, во мечот се случи најбизарната работа во мојата кариера. Во еден клич на оградата ми го гризна прстот !! Грзнувањето беше преку гумата за забите, што ја намали силината на гризот, но дека на некој може дури и тоа да му падне на памет, не знаев до минатата ноќ. Поздрав“ !!

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/2388780921166591

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО