Нгану за борбата со Еј Џеј ќе заработи двојно повеќе отколку за мечот против Фјури

Ентони Џошуа и Френсис Нгану се подготвени да се соочат во рингот на големиот боксерски настан што ќе се одржи во петок во Кингдом арената во Ријад.

Британскиот тешкаш е решен да добие уште една шанса да се бори за светската титула, а Нгану се надева на првата победа во професионалниот бокс по боксерското деби против Тајсон Фјури.

Триесет и четиригодишниот Еј Џеј лани се врати со три победи (Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и Ото Валин), а со нов триумф сака да ги потврди своите амбиции.

Иако засега нема официјални информации, речиси е сигурно дека Ентони Џошуа од оваа борба ќе заработи значително повеќе од Френсис Нгану.

Според некои извештаи, поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија треба да понесе дома најмалку 20 милиони долари.

Во секој случај, тоа треба да биде најпрофитабилната борба во кариерата на Камерунецот, со која ќе заработи двојно од она што го доби за мечот против Фјури.

Нгану заработи десет милиони долари во дебито против Џипси Кинг.

Ентони Џошуа моментално се наоѓа на 28. место на листата на Форбс за најплатени спортисти во светот за 2023 година со заработка од 53 милиони долари.

Британскиот боксер од оваа борба ќе заработи најмалку 50 милиони долари, а хонорарот ќе биде уште поголем кога ќе се додаде и процент од хонорарот за ППГ или победа.

Сумата ќе биде речиси четири пати поголема од паричната награда што Еј Џеј ја заработи од неговата прва борба со Александар Усик на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Џошуа тогаш заработи 12 милиони долари и уште 60 отсто од ППГ, додека Украинецот заработи 3,8 милиони долари (без ППГ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО