Нгану: Татко ми почина, затоа што немаше пари за болница

Неприкосновен шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану би дал се од себе за уште еден ден со својот татко. 35-годишниот борец од Камерун имал многу тешко детство и како дете го загубил татко му. На 10-годишна возраст почнал да работи во каменолом за песок за да го издржува семејството.

Приказната на Нгану е достојна за филм и сигурно еден ден ќе гледаме филм посветен на него. Тој тргнува на опасно патување за да стигне до подобар живот во Европа. На крајот слетал во Париз, каде долго спиел на улица.

Ова е минато и кутрото момче сега е шампион во најголемата ММА организација во светот. На социјалните мрежи Нгану ги потсети сите на тешкото детство.

„Татко ми почина пред 20 години, откако долго време беше болен. Не можеше да си дозволи да оди во болница. Имав само 15 години, но се чувствував толку немоќно и бескорисно што не можев да се борам за него.

Си ветив дека ќе го направам она што е потребно за повторно да не се чувствувам така. Секогаш се прашувам како би било денес кога татко ми би бил жив. Посакувам да го имам во мојот живот денес, макар и само за еден ден“, напиша Нагану.

Френсис се враќа на почетокот на 2022 година за да се бори со Сирил Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО