Мери Акиевска освои се што може да се освои Светското првенство во Шпанија

На Светското првенство во Санта Сузана – Шпанија, од 03 до 08 ноември, Мери Акиевска од Магнус центарот за фитнес и боречки спортови ги освои стана светски јуниорски велнес шампион и апсолутен шампион во јуниори и светски сениорски велнес шампион и апсолутен шампион во сениори.

Едноставно, се сто можеше да се освои освои.

Претседстелот на Боди билдинг фитнес федерацијата на Македонија  Бобан Ѓороски изјави дека ова е 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори. Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус фитнес клубот од Скопје, предводени од претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер. На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 см висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории.

Другиот наш преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО