Нгану се враќа дури идната година во јануари

Светскиот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану нема да се бори повторно оваа година. Ова го соопшти неговиот тренер Ерик Никсик. Според него, „Предаторот“ ќе се врати во октагонот дури во јануари, кога ќе ја направи одбраната на појасот.

Според експертот, се уште постои опција шампионот да се соочи со Џон Џонс наместо со Сирил Гане. Французинот стана носител на привремената титула откако го нокаутираше Дерик Луис.

Нгану не излегол на официјален меч од март. Потоа го совлада шампионот Стипе Миочиќ во втората рунда и му ја одзеде титулата светски шампион во тешка категорија.

„Се надеваме дека Френсис наскоро ќе се врати во октагонот. Планот е ова да се случи во јануари. Но, никогаш не знаете, бидејќи во УФЦ се се случува во последен момент. Очекувате развој на настаните, а за една минута ви кажуваат дека треба да се подготвите за средба“, коментира Никсик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО