Нгану сака да се бори со Џон Џонс, но за многу пари

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Френсис Нгану обезбеди нова шанса за златото, но ќе мора да почека малку пвеќе. Организацијата планира трилогија помеѓу Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ и тоа ќе го остави Нгану да биде надвор од игра најмалку шест месеци. Неодамна, на социјалните медиуми се зборуваше за борбата меѓу Нгану и Џон Џонс.

Ова го привлече вниманието на „Коски“, кој побрза да објави дека не се плаши од тешките удари на „Предаторот“. Светскиот шампион во полутешка категорија е подготвен да се бори против Нгану, но сака тоа да биде за големи пари. Френсис реши да му одговори на Џонс и рече дека е подготвен да се бори, но сака и да добие сериозна сума.

„Ако мислиш дека можеш да се справиш со моето ниво на техника, тоа е добро. Се согласувам со тебе дека нема што повеќе да се докажуваш во полутешка категорија. Исто така, се согласувам дека битката мора да биде за вреќи со пари. Јас го сакам тоа, а и ти го сакаш. Ајде да го направиме тоа“, напиша Нгану.

Во последната борба минатиот викенд Нгану го победи Розенструик за 20 секунди. Џонс, во меѓувреме, ја одбрани титулата со тешка победа над Рејес.

https://www.instagram.com/p/CALzDgaHmbD/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО