Нгану сака да дебитира во боксот со Мајк Тајсон во неговиот агол

Предизвикувачот во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану сака да дебитира во боксот. „Предаторот“ сонува за битки во рингот, а неговиот идол Мајк Тајсон да му биде во аголот.

Нгану бил инспириран од „Железниот Мајк“ кога имал 22 години и се шетал по улиците на Франција. Сонот на бездомниот борец беше да стане шампион во боксот, но со тек на времето се префрли во ММА.

Ова е сè уште сон за Нгану, кој за неколку години успеа да го достигне врвот на најголемата ММА организација (УФЦ). Френсис е познат по својата голема сила и тешки нокаути, а сака Мајк Тајсон да го подготви за бокс дебито и да биде во неговиот агол.

„Размислив за тоа и би било супер ако еден ден го направам своето деби во боксот и Мајк Тајсон да биде во мојот агол. Сакам да научам од тебе и да ме научиш сè што знаеш. Мајк, ти си како библија и имаш многу знаења за боксот“, напиша Нгану.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО