Федор Емилијаненко ќе се опрости од ММА на настан во Русија

Големата ММА легенда Федор Емелијаненко се ближи до крајот на кариерата и неговата организација сака тој да ги прекине борбите во Русија. Федор има 43 години и нема што повеќе да се докажува во спортот. „Последниот император“ забележа скор 39-6-1 во славната кариера и многу луѓе веруваат дека тој е најголемиот борец во историјата на тешка категорија. За 10 години, Федор ги засени сите ривали и немаше пораз.

Врза серија од 27 последователни победи, која успеа да ја прекине Фабрицио Вердум во 2010 година. Во јуни 2017 година, Емелијаненко му се придружи на Белатор, каде што имаше 5 борби – 3 победи и 2 порази, сите завршија со нокаут. Федор се пласира во финалето на турнирот во тешка категорија на Белатор, но загуби од Рајан Бадер.

Федор доаѓа по победата над Квинтон Џексон, која ја забележа во декември во Јапонија. Сега ќе се подготвува за неговите последни две борби во ММА, а Скот Кокер сака легендата на Федор да ја заврши кариерата во Москва.

„Дефинитивно мислам дека пандемијата влијаеше на неговиот временски распоред и временската рамка што сакавме да ја направиме за него. Сакавме да се бори некаде наесен. Ова сега може да биде тешко. Идејата за Федор не беше да го носиме во САД. Требаше да се бори на Блискиот Исток или во Европа. Веќе го направивме тоа во Јапонија. Неговата последна битка ќе биде во Русија, во Москва.

Ќе организираме борба во неговата татковина, каде што живее сега. Ќе направиме одличен настан и Белатор за прв пат ќе се одржи таму. Мислам, погледнете колку имаме големи руски борци. Тоа е неверојатно. Списокот продолжува и понатаму. Таму има голем талент и постојано сме во извидница. Долго време ќе бидеме во рускиот борбен бизнис. Саакаме да одиме таму со Федор. Сакаме таму да го направиме првиот настан на Белатор“, изјави Кокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО