Нгану не е главната опасност за Гане

Главната закана за Сирил Гане не е актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, туку најдобриот борец на организацијата Џон Џонс, според поранешниот двоен шампион на УФЦ, Даниел Кормиер.

„Џон Џонс е главната закана за Сирил Гане. Зошто? Џон Џонс се бореше во полутешка категорија.Џонс има вештини како младо момче и се бори со огромни атлетски противници. Џон Џонс ме победи два пати, а јас не сум мало момче. Тој не е изненаден од брзината, движењето на нозете и нападите од различни агли – го гледа сето тоа. Џон Џонс гледа се и знае како да се справи со таков противник“, коментира Кормиер.

Минатиот викенд Сирил Гане го доби правото да се бори со Френсис Нгану, завршувајќи го со технички нокаут во третата рунда Дерик Луис и стана носител на привремената титула шампион на УФЦ, а Џон Џонс планира да го предизвика победникот од борбата меѓу нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО