Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, продолжува напорно да се подготвува за професионалното деби во боксерскиот ринг.
Не се договори за нов договор со Дана Вајт токму поради тоа што сака да боксира, каде приходите се поголеми. А ако се соочи и со некоја од боксерските ѕвезди, тогаш Нгану ќе заработи милиони.
View this post on Instagram
Се надева дека ќе се бори со Тајсон Фјури, Дионтеј Вајлдер или Ентони Џошуа. Продолжува да ја промовира својата желба на социјалните мрежи. Нгану овој пат објави: „Кој е следниот“, а во продолжение се недени имињата на боксерите.
Засега само Џипси Кинг изрази желба да се соочи со Нгану, но прво сака да боксира со Александар Усик во борба за апсолутен светски шампион во дивизијата. Големата борба се очекува да се одржи на 29 април, што значи дека Нгану ќе мора да почека барем до летото.