Рајан Бaдер: Не би се борел за 150.000 долари! Заработив многу повеќе од борбата со Федор (ВИДЕО)

Шампионот на Белатор во тешка категорија, Рајан Бадер, ја коментираше веста дека заработил 150.000 долари за борбата со руската легенда Федор Емелијаненко, за кого тоа беше последна борба во неговата славна кариера.

„Не, заработиив многу повеќе. Често ја слушам оваа фраза: „Што, Федор заработи само 100 илјади долари за оваа борба?“. Не би се борел за такви пари. Ова е моја работа. Заработувам толку многу што ми е тешко да ја завршам кариерата. Сè уште не сакам да оставам толку пари. Редовно ме прашуваат за хонорарите. Сè што можам да кажам е дека Белатор се однесува многу добро со нас. Знам дека тие го третираат Федор уште подобро“, изјави Бадер за ММА Час (забелешка: неговото интервју започнува во 01:38:08).

39-годишниот Американец има 31 победа во ММА, од кои 13 со нокаут и 7 порази. Го победи Емелијаненко по втор пат, откако го победи во 2019 година на Белатор 214.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО