Фјодор Емелијаненко: Бокс? Јас завршив!

Федор Емелијаненко важи за еден од најголемите борци во мешаните боречки вештини, има 40 победи и ја држи најдолгата серија без пораз во рингот.

На 5 февруари 2023 година, 46-годишниот руски ММА борец ја загуби борбата за титулата на Белатор во тешка категорија (до 120 кг) од Американецот Рајан Бадер. Борбата заврши со победа на Бадер со ТКО во првата рунда. Американецот го одбрани шампионскиот појас. По оваа борба Русинот ја заврши кариерата во ММА.

По поразот од Рајан Бадер, Федор Емелијаненко потврди дека конечно ја завршува кариерата, се пензионира и нема да се бори во бокс.

„Не, ги завршив моите настапи. Знаете колку пати во нашата историја веќе се случило луѓето да спасат нешто, да си ги средат животите – а потоа наеднаш нешто излегува, парите се девалвираат, па револуција, па нешто друго. Па еве, како што велат, не се обврзувајте! Има раце и нозе. Бокс? Јас завршив“, рече Емелијаненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО