Нгану ги одмери силите со комичар во добротворни сили (ВИДЕО)

Предизвикувачот за титулата во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, се бореше со славниот камерунски комичар Хоџа.

Нивната средба беше во добротворни цели за собирање средства за фондацијата „Предатор“. Нивната средба привлече големо внимание, а сè што собраа ќе оди директно во Фондацијата Нгану, која им помага на децата во Камерун.

Тие се забавуваа меѓу јажињата, а како што се очекуваше, победник беше Френсис. 33-годишниот Камерунец е во серија од четири последователни победи со нокаут, притоа повторно успеа да стигне до борба за титулата во тешка категорија. Нагану очекува да добие шанса за појасот против Стипе Миочиќ на крајот на годината или следната.

Ова е видеото од борбата меѓу Франсис и Хоџа:

https://www.youtube.com/watch?v=6tXJxdZ0Guo&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО