Нгану е среќен што Усман ја одбрани на титулата

Френсис Нгану, шампионот на УФЦ во тешка категорија, покажа „братска“ љубов кон шампионот во полусредна категорија Камару Усман. Причината е што двајцата борци заедно со Израел Адесања, број 1 во средна категорија, се тројцата африкански шампиони во најпознатата ММА организација во светот.

Камерунецот дури „во живо“го следеше настанот УФЦ 268 во Медисон сквер гарден, на кој „Нигерискиот кошмар“ по вторпат го победи Колби Ковингтон и по петти пат го одбрани шампионскиот појас.

„И се уште“, напиша предаторот на својот Инстаграм профил, мислејќи на тоа дека Усман продолжи да биде број 1 во полусредна категорија.

На Нгану му претстои многу важен меч, кој се очекува да биде многу оспоруван.

Тој ќе се пресмета со непоразениот Французин Сирил Гане во главниот меч на настанот УФЦ 270 на 22 јануари во Хонда центарот во Анахајм, Калифорнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО