Чимаев: Јас сум син на Кавказ и тој е мој дом

Хамзат Чимаев јасно стави до знаење дека и покрај тоа што се претставува под знамето на Шведска, тоа не значи дека тој не е чистокрвен претставник на кавкаските републики – во неговиот случај – Чеченија.

„Волкот“ е една од ѕвездите во подем на УФЦ. Во последниот меч пред една недела го победи Ли Џианлијан со завршница во првата рунда на УФЦ 267 во Етихад арената, на Борбениот остров во Абу Даби (ОАЕ). Импресивното е што во друга борба Чимаев не беше удрен ниту еднаш од противникот.

„… Ние се движиме и живееме достоинствено, како што реков претходно, јас сум син на Кавказ и тежиштето на Кавказ е мојот ДОМ“, напиша Чеченецот со шведски пасош на својот Инстаграм профил.

Хамзат Чимаев досега нема пораз во професионалната кариера во ММА, бидејќи има добиено 10 борби од 10 средби, сите пред официјаниот крај на мечот (6 со нокаут и 4 со принуда).

Тој дебитираше во УФЦ пред една година, поразувајќи три противници во првата рунда (Рис Мекеј, Хералд Мершарт и Ли Џијанлиан) и еден борец во втората рунда (Џон Филипс).

Тој се врати и на рангирањето во полусредна категорија. Тој влезе директно на 10-тото место по успехот над Џианлиан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО