Независна експертиза го прогласи Поветкин за невин

Povetkin zeva

Нова, независна експертиза за случајот „Поветкин“, го направи рускиот боксер во супер тешка категорија невин, кој падна на допинг тест пред мечот со светскиот шампион Дионтеј Вајлдер. Повторната проверка била извршена по иницијатива на неговиот промотор. Како што е познато, Александар Поветкин недомна даде позитивен допинг на мелдониум што е листа на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА) од 1 јануари 2016 година.

„Цел живот нашите спортисти го користеле препаратот „милдронат“ за одржување на срцето. Се надевам дека правдата ќе биде задоволена во нашата земја“, изјави Поветкин, кој има намера да се обрати до судот, за да си ги побара своите права.

„Не планирам да ја завршам кариерата, напротив – целата оваа ситуација ме амбицира. Ќе ја покажам својата праведност, бидејќи не сум примал ништо забрането, милдронат користев кога препаратот беше дозволен. Кога го ставија на листата, престанав да го примам. Што повеќе, што е тоа милдронат? Тоа е лек за срцето. Забраната му е една лоша шега на Западот со цел да не прочистат. Но, јас сум подготвен на се.

Одам на суд поради откажуњето на борбата со Дионтеј Вајлдер за шампионскиот појас. Моите први два или три примероци беа негативни, а третиот или четвртиот, не се сеќавам точно кој покаж некакво мизерно количество мелдониум. При независната експертиза, пак, оваа материја воопшто не беше констатирана во мојот организмат. Сè е многу чудно. Зошто ќе користам мелдониум во такви мали дози, откако немам никаква корист од тоа“, додаде Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО