Херој на денот! Рашид Магомедов спасил дете кое се давело!

Rashid-Magomedov

Членот на Американ топ тимот и на УФЦ во лесна категорија, Рашид Магомедов, во родниот Дагестан спаси момче кое се давеше во каналот.

Магомедов во моментов се одмара дома, а додека бил на прошетка со пријателите, забележале момче кое почнало да се дави по скокање во каналот. Веднаш притрчале даму помогнат, а Магомедов точно раскажа што и како се случило:

„Скокна по него, но проголтал многу вода и стана тежок, така што не успеав да го извлечам надвор. Ми требаше помош, а тука прискокнаа да помогнат мојот пријател и еден случаен минувач, кои го фатија и го извлекоа од водата.

Веднаш потоа почнавме со процесот на оживување и во еден момент исплува вода. Фала му на Бога дека се се заврши добро, особено поради тоа што не бевме сигурни дали правиме се по правилата. Но, на крајот преживе. Станува збор за момче од шест години“.

На крајот, за среќа, се се заврши добро, но Магомедов не се смета за херој.

„Го однесоа во болница и колку што знам, се оправил. Веќе неколку дена планирам да го посетам, затоа што во целата ситуација не се сеќавам ниту како изгледа, ниту, пак, му го знам името. Не се сметам за херој, го направив она што би го направил секој човек ако се најдеше на моето место“.

Магомедов оваа година се уште нема настап поради проблемите со повредите. Станува збор за борец со скор 19-1, со четири победи во исто толку натпревари во УФЦ. На официјалното рангирање во лесна категорија е на 14 место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО