Барнет и Арловски се среќаваат на 3 септември во Хамбург

Barnet-Arlovski plakat

Од УФЦ најавија интересна средба во тешка категорија меѓу легендарните Андреј Арловски и Џош Барнет за 3 септември.

 Арловски на последната средба загуби од Алстер Оверем, а Барнет – беше поразен од Бен Ротвел. Средбата ќе му даде шанса на победникот да продолжи по патот кон титулата, додека другиот ќе падне подолу во ранг-листата.

 Џош Барнет е речиси 20 годиини меѓу најдобрите во категоријата, а неговата прва средба во УФЦ е во 2000 година. Некое време се бореше надвор од организацијата, но се враќа во 2013-та, кога Зуфа го купува Страјкфорс.

 Арловски исто така е ветеран во УФЦ, исто и тој дебитира во 2000 година. Исто како и Барнет се бори и за други организации, но се враќа во УФЦ во 2014-тата, а сегашниот резултат во октагонот му е 4-2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО