Неверојатно! Тијаго Сантос веќе се обидува да се движи по тешката операција

Пред неколку дена, поранешниот предизвикувач во полутешка категорија Тијаго Сантос беше успешно опериран на двете колена, а операцијата траеше четири часа. Во последната борба, тој доживеа тешки повреди на двете колена, но и покрај тоа сè бореше до самиот крај и загуби од Џон Џонс.

Цврстиот борец од Бразил се стекна со многу приврзаници, а лекарите сè уште се чудат како поминал толку многу време во кафезот со такви тешки повреди. Денес „Марета“ дава се од себе да се опорави и на социјалните мрежи сподели дека веќе се обидува да се движи.

Една недела помина од операцијата на колената. Морам да признаам дека овие денови се тешки и исполнети со болка. Не можам да спијам и да се харанм правилно заради лекарствата. Се плашам да ја користам бањата, бидејќи одењето до неа е битка. Фала му на Бога, болката се намалува“.

Се очекува да биде надвор од кафезот најмалку една година по операцијата.

https://www.instagram.com/p/B0Ux44ul7Ae/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО