Неверојатен ноакут на УФЦ 256 (ВИДЕО)

ММА-борецот Кевин Холанд спектакуларно го нокаутираше Роналдo Соуса на вчерашниот УФЦ 256.

По малку повеќе од две минути борба во првата рунда, Холанд се најде на грб во речиси безнадежна ситуација. Се чинеше дека Соуса ќе ја заврши битката со победа, но следеше голем пресврт.

Од лежечка позиција Холанд успеа да го погоди противникот силно во лицето со десно кроше, што го зашемети. Американецот веднаш стана и почна брутално да го мава Бразилецот, а судијата брзо го заврши мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО