Несторовски еуфоричен, женските екипи депресивни на законските недоречености!

Site na presot na kfm

Носителот на бронзениот медал од Европското првенство за сениори во карате во Истанбул, Турција, Мартин Несторовски, на денешната прес-конференција рече дека борбите биле тешки и дека тој е пресреќен.

-Пресреќен сум од остварениот настап и освоениот бронзен медал. Се уште еуфоричната состојба не ме напушта. Подолго време со контунуирани тренинзи се подготвував, темпирајќи ја формата токму за ова ЕП. Борбите беа тешки, а се борев против екстра силни ривали, меѓу кои имаше поранешен светски првак и лански европски вице-првак. Сега ме очекуваат првите Европски игри во Баку, Азербејџан, каде ќе се обидам повторно да освојам медал, – рече Мартин Несторовски од КК Металург, кој го освои единствениот медал за Македонија во категоријата до 84 килограми во Истанбул.

pRES KFM VO ASM

Според тренерот на репрезентацијата за борби, Петар Белистојаноски, нијанси одлучиле за бројот на освоените медали. Тој вели дека верувал во репрезентативците и дека можевме да освоиме уште некој медал.

-Најблиску беа европскиот првак од 2014 година, Емил Павлов (до 60 кг), во борби и женските тимови во борби и во кати, но нијанси одлучија да не успеат. Несторовски не сум го видел досега во подобро издание, а жалам што Павлов не успеа, иако во борбата за бронзата победе со 2-0. Очекувам и од Баку да се вратиме со медал – категоричен е Белистојаноски, посочувајќи дека во две полуфинални борби и три борби за медал во кои одлучуваа нијанси се голем успех на едно континентално натпреварување.

– На наша несреќа во одлучувачките борби се натпреварувавме со домашни каратисти. Петото место на актуелниот европски првак Емил Павлов беше резулатат на мал недостаток на храброст во финишот, додека пак Мартин покажа невидена смиреност и одлучност во својот настап, – прецизираше Белистојановски.
Martin na tron na ep

Помошникот на тренерот на селекцијата во  кати, Елизабета Димоска, нагласи дека петтото место е голем успех на каратистките во катаи, иако настапивме со најмлада екипа. Таа жали што Пуликсенија Јовановска за малку не успеа да обезбеди пласман на петото место, што ќе значеше и учество на Европските игри во Баку, Азербејџан, покрај Несторовски и Павлов.

-Овој тим има голема перспектива- смета Димоска.

 Таа рече дека во иднина ќе донесат медал, но бара резултатите на ката тимот да бидат вреднувани и  од Агенцијата за млади и спорт, а не да бидат дискриминирани во одонос на другите спортови.

-Неправдата да се исправи. Мора подеднакво да бидат рангирани каратистите и во кати и во борби, – потенцираше Димоска, затоа што АМС требало да ги вреднува екипните пласмани до петто место и да бидат стипендирани, а не само поединечните.

kata na ep istanbul

 Директоротот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, рече дека стипендиите се доделуваат според Правилникот за категоризација на спортистите, за кои одлучува стручна комисија, според кој 5-тото место не се стипендира. Но тој рече дека правилата не се вечни и дека може да се променат, па затоа чека предлози од Федрацијата за промена на Законот.

На ова се надоврза и членот на репрезентативниот тим во борби, Наташа Стефановска, која праша како е можно да нема стипендија за нива, кога го освоија петото место и го постигнаа најдобриот резултатат до сега во борби екипно.

-Не се случило досега да имаме три победи (екипно). Во борбата за медал судиите имаа влијание. Ова беше нашето најдобро издание, – истакна Стефановска, која патем заработи и неколку повреди.

Zenksa ekipa borbi Istanbul

И Маријана Димоска и Пуликсенија Јовановска истакнаа дека задоволоство о д прикажаното, а поразот од Шпанија е резултат на влијнаието на оваа репрезентација. Емил Павлов смета дека погрешил што не ризикувал повеќе, така можел да влезе и во финалето, а во борбата за бронзтата по челинџот не можел да се врати во нормала. Сепак, тој ветува медал од Европските игри.

 Инаку, директорот на АМС, Марјан Спасески, не го крииеше своето задоволство од оствареното во Истанбул, истакнувајќи дека со овој успех каратистите уште еднаш потврдиле дека се еден од најтрофејните спортови во Македонија и дека Агенцијата и понатаму ќе им дава логистичка и материјална подршка, како што беше и овој пат со издвојувањето на 250.000 денари. Со последниот успех, Несторовски стана стипендист од светска категорија и во следните четири години ќе прима паричен износ во висина од две просечни плати во Македонија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО