Непоразениот Головкин го предивика Мејведер

Иако долго време е актуелна приказната за борбата на Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор, во трката која како награда може да донесе на средба со боксерската ѕвезда се приклучи уште едно големо име. Станува збор за Генади Головкин, непоразениот казахтански борец кој ги држи ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ИБО појасите во средна категорија.

„ГГГ“ зад себе има совршен сооднос од 36 победи (33 со нокаут), а пред него е борбата со Даниел Џејкобс, американски предизвикувач кој на 18 март во Медисон сквер гарден ќе се обиде да му ги одземе горенаведените титули. Но, многу повеќе од овој меч е интересна темата за оној, несудениот, со Канело Алварез, но сега изгледа на Головкин му здосади оваа приказна, па така го префрла окото на Мејведер, за кој би бил подготвен да се спушти во супер полусредна категорија (154lbs).

„И самите знаете дека не сум преголем, 30 дена пред борбата имам околу 75 кг. За Флојд би се спуштил на 70 (154lbs) или на 72 и пол (160lbs). Ова е борба од сништата и мислам дека тоа ќе биде добра категорија за мене“, рече Головкин во интервју за ЕСПН телевизија, па го закачи и својот несуден противник.

„Зборував со него минатата година. Ја сакав таа борба. Ми требаше таа борба, но сега веќе се уморив од целиот разговор. Не го почитувам, тој е себичен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО