Чатлески/Станков: Нема да гледаме квалитетен бокс, но можеме да видиме идни шампиони! (ФОТО)

„Направивме одличен потег за младите боксери“ се првите зборови на домаќинот на првиот турнир на Детската лига, Дарко Чатлески,кој го води БК Ас од Прилеп

„Откако се согласивме да ја организираме Детската лига во бокс со клубовите од Македонија, без двоумење, прв со гордост прифатив првиот турнир да се организира во Прилеп. Мислам дека направивме одличен потег за младите боксери. Организиравме одличен турнир. Младите покажаа дека имаат огромен капацитет за боксот и спортски дух, тоа што најмногу не радува. Со овој потег се надеваме дека младите боксери ќе стекнат огромно искуство до нивните борби во кадетска конкуренција, а досега тоа не се случувало“, наведува Чатлески.

Според него, боксерите до сега дирекно влегуваа во борби во кадети, јуниори и сениори. Со овие борби младите боксери ќе влегуваат во кадети со искуство и подобар квалитет.

„Многу полесно ќе биде да остварувањето на големи резултати во боксот од кадетска па до сениорска конкуренција. Наредното коло е планирано да се одржи во Скопје“, нагласува Чатлески.

Тренерот и еден од иницијаторите за формирање на Детската лига на БК Аперкат од Скопје, Оливер Станков, вели дека за ова натпреварување се значајни тренинзите и спаринзите, што е многу битно за децата и клубовите.

„Сега, на таа возраст не можеме да гледаме квалитетен бокс, но можеме да видиме идни шампиони. Така ќе ги задржиме младите деца во салите и нивната желба за натпреварување, а додека клубовите да добијат многу поголемо членство. Оваа иницијатива е датира од пред 2-3 години, но старото раководство не ја прифаќаше. БК Аперкат ќе даде многу големо значење на ваквите натпреварувања, бидејќи тука ќе бараме нови таленти“, истакнува Станков.

Да потсетиме дека во Прилеп се одржа премиерниот турнир на Детската лига во бокс со учество на 30 боксери од 9- 13 години од боксерските клубови: Ас, Аперкат, Пинк Пантер, Шкупи и Шкендија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО