Непоразен Русин му се закани на Волкановски

Рускиот ММА борец Мовсар Евлоев ја објави својата желба следната година да се бори со актуелниот шампион на УФЦ во перо категорија (до 65 килограми) Алекс Волкановски.

„Ако некој може да го победи Алекс Волкановски, тоа сум јас. Ве молам дозволете ми да се борам со него следната година. Сакам да докажам дека сум подобар од него во се“, изјави Евлоев на прес-конференција пред борбата со Диего Лопез.

Утре Евлоев ќе се соочи со Бразилецот Диего Лопез на турнирот во мешани боречки вештини УФЦ 288. Мовсар Евлоев во моментов има 16 победи и без пораз.

Следната борба на Волкановски ќе ја има на 8 јули на УФЦ 290. Австралиецот ќе се соочи со мексиканскиот борец Јаир Родригез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО