Махачев: Хабиб Нурмагомедов нема да ја продолжи кариерата

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Ислам Махачев ја коментираше веста дека легендата на ММА, Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во спортот.

Самиот Хабиб навести такво нешто минатиот месец и шпекулациите не се чекаа долго, но сега Махачев даде поголема јасност.

„Хабиб сигурно нема да ја продолжи кариерата, тој веќе ја заврши. Можеби ќе се врати на тренерската работа“, изјави Махачев за „Матч ТВ“.

Потсетуваме дека Нурмагомедов се пензионираше во 2020 година откако го победи Џастин Гејџи.

Севкупно, Хабиб одржа 29 ММА борби во кариерата и ги доби сите – 8 со нокаут, 11 со завршница и 10 со одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО