Непоразен борец вели дека 1000% ќе го пензионира Канело доколку се борат

Иако тој ги држи сите четири светски титули со 76,2 килограми и има само една изгубена борба во последните десет години, постојат мислења дека Канело не е во форма и можеби ќе има само неколку борби.

А во едно неодамнешно интервју за Фајт хаб ТВ предизвикувачот во суперсредна категорија Едгар Берланга не се двоумеше кога го прашаа дали тој може да биде човекот што ќе го пензионира иконскиот Мексиканец.

„1000% можам да го пензионирам! За мене да го победам Канело и да станам првиот неприкосновен светски шампион од Порторико, тоа би било неверојатно. Една од целите што ги имавме кога потпишав со Мечрум и Еди Херн беше оваа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО