Нема место во кумите тимот за светскиот вицешампион и најдобриот светски каратист во У-21 и други медалисти

Одлуката со која ИО на Карате федерацијата на Македонија ги верификуваше патниците за Европското првенство за сениори, што ќе се одржи од 22 до 26 март во Гвадалахара, Шпанија, и определи дека репрезентативците треба да си го платат патот и престојот предизвика многу рекации во спортската јавност.

Во составот на репрезентацијата нема место за Витомир Трајковски, за екипниот настап борби, еден од најдобрите каратисти минатата година, а и оваа. Витомир Трајковски минатата година стана светски вицешапион во У-21, годинава има најдобар резултат од сите каратисти во Македонија во Премиер лигата Серија А, освои борнзен медал во Атина и освои бронзен медал на ЕП во Ларнака, Кипар, во У-21. Од друга страна, тој е најдобриот млад (У-21) светски каратист – прв на ранг листата на ВКФ.

За жал, во финалето на Државното првенство се сретна со освојувачот на бронзениот медал од ЕП за сениори, Петар Спасеновски, кој, пак,ќе треба да си плати учество на шампионатот, иако како освојувач на медал тоа треба да го направи федерацијата.

Како и да е, ако зборуваме за спортска психологија и резултати, како голем потенцијал, за Трајковски мора да има место во репрезентацијата. Токму на репрезентацијата и требаат такви  каратисти – борци, кои имаат победничка серија. Од друга страна, не се знае што ќе се случува во поединечна конкуренција, па може да има многу калкулации и послаб резултат. Нема седум спортисти (нема резерви), во случај на повреди или послаб настап во првите елиминациски кола на некој од спортистите, тимот нема замена. Тимот треба да располага со спортисти кои се квалитетни, а се од средна, полутешка и тешка категорија .

И Доан Османи е спортист со големо искуство, беше европски првак, така што секогаш може да се смета на неговите квалитети во тимот. Тука е и Мурсел Мисими кој на Балканското сениорско првенство минатата година беше еден од најдобрите натпреварувачи во екипна конкуренција. Докажа дека треба сериозно да се смета на него. Да потсетиме дека тој тим беше прв на Балканот во сениорска конкуренција. Во комбинација се и Глигор Петков (тешка категорија), исто така европски медалист вицепрвак во јуниорска конкуренција и Димитар Илиевски, комплетен спортист, одличен натпреварувач и спортист.

Вака, испаѓа дека КФМ игра против себеси, ги намалува шансите за успех на кумите тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON