Џон Џонс во пресрет на мечот против Сирил Гане: Тука сум да ја исполнам целта

Џон Џонс пред три години ја имаше последната борба. Еден од најдобрите ММА борци во светот со едногласна одлука го победи Доминик Рејс и го одбрани појасот на УФЦ во полутешка категорија.

По тој триумф реши да се пресели во тешка категорија, а дебито во кралската дивизија ќе го има овој викенд во Лас Вегас.

Мечот меѓу Џон Џонс и Сирил Гане ќе биде главен настан на УФЦ 285 на 4 март во преполната Т-Мобиле арена. Деновиве откри зошто имал толку долга пауза.

„Одложувањето на моето враќање во октагонот нема никаква врска со пари или поради некакви несогласувања со УФЦ. Сакам да се подготвам најдобро што можам пред да се вратам, а така веќе се чувствував пред една година. Требаше само да видиме кој може да биде противникот, а во УФЦ се случуваа многу нешта. Но, сега сме тука. Се борам со Сирил Гане, а чувствувам дека работите си доаѓаат на свое место“, изјави Џон Џонс и додаде:

„Размислувам да станам двоен шампион од денот кога решив да се преселам во тешка категорија. Мојата цел е да бидам шампион во тешка категорија во следните три години, тоа е она за што сонувам и за што живеам. Ќе го направам. Верувам дека сум најдобриот борец на светот и ќе го докажам тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО