Нема да има разголени девојки на спектаклот Џошуа-Руиз

Од почит спрема Саудиска Арабија, а и како што се очекуваше, нема да има вообичаено најавување на рундите.

На 7 декември во Саудиска Арабија Ентони Џошуа и Енди Руис ќе се борат за светската боксерска титула во тешка категорија, меч кој со нетрпение го чекаат љубителите на боксот, но на паузите помеѓу рундите во рингот нема да дефилираат разголени девојки кои покажуваат која рунда е на ред, што е традиција на вакви настани.

Организаторите решија од почит кон земјата во која ќе се одржи борбата и културата во С. Арабија, каде што е забрането разголување на јавни места, да се откажат од намерата рундите да бидат најавувани на таков начин.

Секако и без девојките ова ќе биде спектакл, бидејќи за овој меч специјално е изграден нов стадион. Ќе биде интересно и да се види дали Британецот Џошуа, кој беше изненаден на 1 јуни, ќе успее да му се реваншира на Мексиканецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО