Нелсон за поразот од Кро Кап: Победив, судиите погрешија… (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ (44) славеше со едногласна одлука на судиите во борбата против Американецот Рој Нeлсон, со што му се реваншира на Нелсон за поразот во 2011 година.

Ова беше 38 победа за Хрватот во неговиот 51 ММА меч. Сепак, Американецот не сака да го признае поразот.

„Ако сте гледале – го победив, судиите погрешија. Еден од нив борбата ја бодуваше 30-27, што нема шанси. Можеби бладам од примените удари в глава. Ви благодарам на сите за поддршката“, рече Нелсон на Инстаграм по третиот пораз во низа во кариерата.

https://www.instagram.com/p/Bt-K46-lw3g/?utm_source=ig_embed&utm_medium=loading

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО