Ката тимот на Австралија од Прилеп го освои бронзениот медал на Премиер лигата во Дубаи

Ката тимот на Австралија во состав Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа го освоија бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, што е втор во историјата на австралиското карате во Светската лига. И двата медала ги освоија девојките од Прилеп кои сега се натпреваруваат за репрезентацијата на Австралија.

Тие во првата група имаа оценка 22,46 и беа трети во нивната група, зад Иран со 23,6 поени и Русија со 22,94. Во втората беа втори со 22,82 поени, а пред нив беше Иран со 22,34, со што изборија место во полуфиналето. Во бробата за бронзениот медал ја совладаа репрезентацијата на Русија 24,82 – 23,32.

Првото место го освои тимот на Италија кој беше подобар од Иран 24,4 – 24,08.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО