Нејт Дијаз се согласил за борба со Доналд Цероне, но во средна категорија

Нејт Дијаз е подготвен за нова борба со Доналд Цероне. Денес Брет Окамото изјави дека тие си размениле по некој збор на УФЦ 235 и Дијаз му рекол на Каубојот Цероне дека повторно ќе се бори со него, но во средна категорија, бидејќи не сака да симнува килограми.

Каубој: Нејт, кога ќе се бориш?

Дијаз: Не ми е важно. УФЦ го направи тоа.

Каубој: Сакам да знаеш дека сум подготвен да се борам.

Дијаз: Подготвен сум да се борам со тебе, но во средната категорија, затоа што не сакам да симнувам килограми.

Каубој: Во ред.

Тие веќе имаа битка на УФЦ 141 во 2011 година. Нејт го победи со одлука на судиите во борба која беше поставена за борба на вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON