Нејт Дијаз сака да се бори со Џејк Пол: Прави одлични работи

Нејт Дијаз на прекрасен начин се прости од публиката на УФЦ. Американскиот борец го победи Тони Фергусон со завршница на неодамнешниот настан.

На настанот УФЦ 279 Дијаз требаше да се бори против Хамзат Чимаев, кој на мерењето ја надмина дозволената граница за три и пол килограми.

Таа борба пропадна, а Дијаз за противник го доби Ел Кукуј, додека Чимаев се бореше против Кевин Холанд.

И по триумфот Нејт Дијаз потврди дека го напушта УФЦ, и сака да се занимава со некоја друга работа, но останува во боречките вештини.

Тој сака да основа сопствена организација за боречки вештини и да се испроба во боксот, а еден од неговите потенцијални противници е Јутјуб ѕвездата Џејк Пол.

„Дефинитивно сакам да боксирам против Џејк Пол. Прави големи работи и сега има голема борба против Андерсон Силва. Верувам дека ќе биде интересно и со нетрпение ја очекувам таа борба“, изјави Нејт Дијаз и додаде:

„И двајцата имаат еднакви шанси за победа. Но, не знам на кого би можел да му дадам предност“.

Легендарниот борец истакнува дека отсекогаш го сакал боксот и никогаш не престанал да тренира и се надева дека наскоро ќе добие добра понуда за меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО