Нејт Дијаз ја исмеа понудата на УФЦ

Nejt Dijaz so cvikeri crni

По објавата на претседателот на УФЦ, Дана Вајт, дека најсилната ММА промоција во светот му понудила нов противник на Нејт Дијаз, се огласи и популарниот борец.

Дијаз не се борел откако минатата година загуби во реваншот со Конор Мек Грегор, а потоа порача дека во октагонот ќе се врати за мултимилионска сума. Овој викенд Дана Вајт рече дека УФЦ му понудил нова борба на Нејт Дијаз и дека го чекаат неговиот одговор, а тој дојде многу брзо.

Нејт на Твитер кратко пореча: „ЛОЛ/LOL за вашата борба“.

Според некои извори, но тоа се уште официјално не е потврдено, УФЦ на Дијаз му го понудил поранешниот шампион Еди Алварез кој го загуби појасот пред два месеци против Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON