Нејт Дијаз избра противник, бара борба против Тони Фергусон или Висенте Луке

На Нејт Дијаз (37) според актуелниот договор му преостанува уште една борба во УФЦ, а апсолутно е сигурно дека не сака да ја продолжи соработката со најголемата светска ММА организација.

Американскиот борец сака што побрзо да го заврши тој меч за да може да се посвети на другите предизвици во животот.

Нејт пред неколку дена изјави дека се чувствува како заложник на УФЦ, и сака да ја напушти промоцијата.

Нему не му е важно со кого ќе се бори на тој последен меч.

„Не ми понудија ниту еден противник, а барав борба долго време. Побарав многу борци, прашав за Висенте Луке, Тони Фергусон, побарав најмалку пет борци од последните натпревари, но не добив одговор“, изјави Нејт Дијаз и продолжи:

„На крајот ми го понудија Чимаев. Мислев на секакви работи, но добро, нека биде така, ајде да го завршиме тоа и да ја завршиме оваа приказна. Потоа побарав борба против Хамзат, па почнаа да се оправдуваат. Сакам само да продолжам, бидејќи ме држат како заложник. Сакам да излезам од тоа, тоа е мојата главна цел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО