Јан Блахович го прозва Јиржи Прохаска: Европа заслужува голема борба

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Јиржи Прохаска пред неколку дена му понуди реванш на Бразилецот Гловер Тешеира.

Имено, Чехот пред еден месец ја освои титулата против Тешеира со гушење во петтата рунда, а се чинеше дека Јан Блахович повторно ќе добие можност да го нападне појасот по триумфот над Александар Ракиќ, кој го повреди коленото во третата рунда.

Но, Прохаска се предомисли и во видео порака му понуди реванш на бразилскиот борец. Тоа не му се допадна на Полјакот и неколку пати го повика Јиржи.

„Не сум експерт, но ако ја проучуваш културата на самураите, тогаш ми се чини дека ги прекрши нивните правила. Го прекрши својот кодекс“, рече Јан Блахович и продолжи:

„Верува во тоа и сега не се држи до тоа. Пред некој ден рече дека јас сум му најголемиот предизвик, а колку што знам самураите секогаш ги бараат најтешките предизвици. Изгледа Јиржи лаже“.

Чешкиот борец изјави дека не е задоволен од последниот настап и затоа му понуди реванш на Тешеира.

„Како и во политиката, така и сега ќе каже се за да се заштити. Европа заслужува голема борба и ние мораме да го направиме тоа. Гловер, ми се допаѓаш, но сега јас сум на ред“, подвлече Јан Блахович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО