Погледнете што се случуваше зад сцената на настанот УФЦ 276

На почетокот на јули се одржа настанот УФЦ 276 кој го предводеше мечот во кој шампионот во средна категорија Израел Адесања го победи Џаред Канониер за да ја одбрани титулата по петти пат.

Но, особено интересна беше борбата за конасловната борба во која Александар Волкановски уште еднаш со одлична тактика го совлада Макс Холовеј и со тоа ја заврши трилогијата против најголемиот ривал.

Во својот најдобар меч против американскиот борец Австралиецот со македонско потекло убедливо победи со едногласна одлука на судиите.

На крајот, Алекс му честиташе на Макс за големата храброст што ја покажа на натпреварот:

“Секогаш ќе бидеш легенда на овој спорт“.

Најголемата светска ММА организација воодушеви со уште едно одлично видео „The Thrill and the Agony“ поврзано со настанот УФЦ 276 во Лас Вегас.

Камерите уловија интересни моменти, пред, за време и по настапот, кои никаде не се прикажани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО