Ѕвездата на УФЦ, Нејт Дијаз го предизвика поранешниот привремен шампион во лесна категорија, Тони Фергусон. На својот профил на социјалните мрежи Нејт објави фотографија од Фургусон и му ја фрли ракавицата. Битка меѓу нив ќе биде вистински спектакл за навивачите.
Во моментов Тони и Дијаз немаат закажано борби, а по објавата на Нејт фановите се возбудиле. Дијаз и Фергусон се во серија порази и ако има битка меѓу нив, тогаш најверојатно таа ќе биде во полусредна категорија. Дијаз повеќе не сака да слабее за лесна категорија.
Нејт во јуни оваа година загуби од Леон Едвардс. Фергусон, пак, доаѓа по поразот од Бенеил Дариуш во мај.