Македонија со Лама и Етеми на Светското првенство кое почнува утре

Утре почнува Светското првенство во бокс во Белград – Србија, на кое Mакедонија ќе настапи со двакца боксери, Јасин Лама (-60 кг) и Арсим Етеми (-80 кг), предводени од тренерот Руждија Калач.

Инаку, нашите боксери имаа 10-дневни подготовки во Белград.

Светско првенство е од 24 октомври до 9 ноември, а ќе настапат 650 боксери во 13 категории од 105 држави.

За првпат во 75-годишната историјата, Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) ќе им додели на медалистите парични награди. Фондот за наградите е 2,6 милиони американски долари.

Златните медалисти ќе добијат по 100.000 долари, освојувачите на сребрени медали по 50.000 долари, бронзените 25.000 долари.

Меѓу почесните гости се највуваат многу легенди на боксот, како Мајк Тајсон, но и сегашниот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ, Александар Усик и други.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО