Нејт Дијаз го критикува Дастин Пориер за отакжувањето од УФЦ 230

Дастин Пориер поради повреда ја откажа долгоочекуваната средба со Нејт Дијаз, која требаше да се одржи на УФЦ 230 на 3 ноември.

На почетокот на неделата „Дијамантот“ во интервју раскажа за она што се случи.

„Во последните неколку кампови имав проблеми кои се искомплицираа. Минатиот пат нешто се случи – уште можев да се движам и слично, но штом ќе одлучев да направам спринт, следните два дена немаше шанса да поминам без болка. Работите премногу се влошија, за дополнително да ги одложувам“.

Потоа за кратко време Дијаз ја критикуваше одлуката на Пориер, која го наведе Дијамантот да одговори:

Се очекува Пориер да се сретне со друг специјалист до крајот на неделата, за да дознае кој е најдобриот чекор што треба да го направи. Ако се оди добро, тој ќе може да се врати во кафезот до крајот на годината, можеби дури и повторно против Дијаз.

Според самиот Дастин, Дијаз го направил договорот премногу тежок за склучување и првиот пат, така што не очекува вториот пат да биде полесно.

Но и ако не можат повторно да се поврзат, Пориер има многу други опции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО