Нејт Дијаз ќе ја прослави големата победа и ќе биде побогат со дополнителни 100.000 долари.
За да победи во главната борба на УФЦ 196 против Конор Мек Грегор доби по 50.000 долари бонус за борбата и за изведба на вечерта.
Миша Тејт исто така доби 50.000 за изведбата против Холи Холм.
Настанот во МГМ Гранд арена беше проследен од 14.898 фанови, а приходите од продажба на билетите изнесува 1,8 милиони долари.