Меѓународна сценаММА
Нејт Дијаз 45 дена ќе биде во аут и покрај победата над Мек Грегор
Американскиот ММА борец, Нејт Дијаз, доби медицинска забрана да се бори во следните 45 дена. Поради ударите добиени во победата над Конор Мек Грегор, тој ќе одмора месец и половина. Забраната е вообичаена практика, која ја користи Атлетска комисија на државата Невада. И покрај успехот лицето на Дијаз изгледаше ужасно. За разлика од него, Ирецот е без медицинска забрана.




