Неделковска: Не конкурирав за Бордот на ВАКО, така што информацијата за реизборот е неточна

Алекснадра Неделковска, поранешната претседателка на Кик бокс федерацијата на Македонија и до завчера член на Бордот на ВАКО Европа, вели дека информацијата објавена вчера во текстот „Дејан Митровски избран за член на Бордот на ВАКО Балкан, Неделковска не е резибрана во ВАКО Европа“ не е точна, бидејќи воопшто не станало збор за реизбор.

Неделковска истакнува дека таа воопшто и неконкурирала за новиот состав на ВАКО Европа, така што не може да стане збор за реизбор.

„Оставка од КБФМ си дадов поради здравствени причини, истата причина заради која не бев кандидат за избор во овој Борд“, вели Неделковска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON